Според последните коефициенти на обложувалниците, актуелниот светски и олимпискиот шампион Данска има најголеми шанси за освојување на златниот трофеј на претстојното Европско првенство во ракомет што се одржува во Австрија, Шведска и Норвешка.
Втора според коефициентот е селекцијата на Франција, а на третата позиција се наоѓа Шведска. Maкедонија според обложувалниците се наоѓа на 13-та позиција.




