Хрватска го одигра првиот пријателски натпревар пред стартот на Европското првенство против Босна и Херцеговина кој заврши нерешено со 33-33 во рамките на Хрватска Купот кој се игра во Пореч.
Игор Карачиќ беше стрелец на 7 гола за Хрватска, додека во тимот на БиХ најефикасен беше Паниќ кој даде 10 гола, додека неговиот брат Иван Карачиќ даде 5. Феноменален на голот на БиХ беше Буриќ со 11 одбрани.



