Најдобриот тренер oд ЕКС-ЈУ просторот во традиционалниот избор на специјализираниот портал за ракомет Balkan-Handball.com за сезоната 2018/2019 е Данило Брестовац. Македонскиот селектор освои најголем број гласови од публиката и новинарското жири, така што за прв пат ја освои оваа награда.



