Градот Харбин кој се наоѓа во североисточна Кина е домаќин на најголемиот фестивал на снежни фигури во светот. На овој фестивал секоја година се претставени неколку илјади скулптури од снег и мраз, а за да се изградат тие се потребни 10 000 работници.
Посетителите на овој фестивал можат да се искачуваат на ледените скали, да одат низ тунелите од мраз, а можат да земат и учество во некои спортски настани вклучувајќи хокеј, санкање, лизгање, риболов, фудбал, потоа изложба на фотографии, народни песни, свадбени церемонии на мраз и други активности.
Традиционално овој фестивал започнува на 24 -25 декември и трае до крајот на февруари, а неговата официјална церемонија за отворање е 5 јануари.
Погледнете ги неверојатните фигури од снег и мраз и уживајте.




