Веселин Војовиќ и ривалството против Металург е случување кое ќе се памети и прераскажува на идните генерации. Овој пат Вујовиќ во улога на тренер на Железничар од Ниш дојде до слатка победа над Металург со резултат од 27:25 на полувреме 16:13.
Ова е крај на серијата на позитивни резултати на металурзите во Сеха Гаспром лигата, каде што во првиот дел домашните ракометари имаа комотна позитива и контрола врз случувањата на терен. Во вториот дел Металург одигра поквалитетно и дојде до пристоен пораз со краен резултат од 27:25.
Во победничкиот табор на Железничар Ниш предводници до триумфот беа Предраг Вејин со 6 постигнати гола, воедно ракометар кој го има носено дресот на македонскиот тим, а помош доби во Немања Живковиќ кој постигна 4 гола. Во тимот на Металург по 4 гола постигнаа Димитар Димитриоски и Марио Танкоски, а голманот Дупјачанец заврши со 11 интервенции во текот на мечот.



