По повод меѓународниот ден на лицата со Даунов Синдром, центарот Порака Нова и граѓаните на Струга организираат трка (трчање или пешачење) од 2km/5km по кејот на реката Црни Дрим, со цел подигнување на свеста и собирање поддршка за организирање на гала вечер за лицата со посебни потреби од Струга.
Дојди и ти, учествувај, трчај или пешачи заедно со нас. Сите заедно да покажеме дека среќата не се брои според хромозомите.
Настанот го организираме во чест на нашата другарка Анастазија Жупан.
Регистрација: 200 денари
Регистрација со маица: 500 денари (ограничен број)
Регистрацијата се врши пред трката од 11 часот пред Американско Катче.
За повеќе информации контактирајте ја Порака Нова на Facebook или на тел. 079306460.



