Во Серија А се одигра македонското дерби помеѓу тимовите на Наполи за кој од 65 минута доби шанса од клупата за резерви младиот Елиф Елмас против својот репрезентативен соиграч и капитен Горан Пандев кој за тимот на Џенова го предводеше со капитенската лента на својата рака и одигра 80 минути на теренот.
Двете екипи не прикажаа допадлив фудбал и имаше премалку шанси за постигнување на гол и затоа најреален исход е поделбата на бодовите и резултатот од 0:0. Наполитанците се во голема криза и лоша клупска атмосфера, додека Џенова на секој натпревар се труди со новиот тренер Мота да дојде до бодови кои ќе му го осигураат опстанокот на тимот во Серија А.



