Ракометарите на Хрватска славеа во клучниот натпревар со Белорусија со високи 31-23 и веќе обезбедија пласман во наредната фаза. Игор Карачиќ со 6 гола беше најефикасен воХрватска, а Степанчиќ додаде 5, додека кај Белорусите најефикасен беше Каралек со 5 голови.
Русија под водство Едуард Кокшаров спортскиот директор и тренер на Вардар, загуби од Унгарија со 26-25. Дибиров промаши шут за израмнување, а пред тоа и направи пенал па е еден од главните виновници за поразот на Русија.
Холандија напиша историја стигнувајќи до својата прва победа на европските шампионати, славејќи над Летонија со 32-24.




