Голд купот е во елиминациска фаза, а се случи првото големо сензационално изненадување, затоа што во 1/4 финалето Канада имаше водство од 2:0 против Хаити, но фудбалерите на оваа репрезентација се потрудија да се вратат во игра и потоа да дојдат до целосен пресврт и победа од 3:2. Хаити успеа за прв пат да се пласира во полуфиналето на Голд купот.



