Стотата сезона во НФЛ не можеше да добие подобра увертира од најжестокото, а воедно и најстарото ривалство. Станува збор за дуелот помеѓу Чикаго Берс и Грин Беј Пекерс.
Натпреварот го одбележаа добрите одбрани и од двете екипи, а најдобар момент на натпреварот беше првиот напад во втората четвртина за Грин Беј. Најпрво со додавање од 47 јарди, Арон Роџерс го пронајде Маркез Вандес-Скентлинг, а веднаш потоа направи и додавање за тачдаун од 8 јарди за Џими Греам.
Чикаго имаа пад на концентрацијата во својата игра што во еден момент резултираше со потреба од 40 јарди за нов прв даун !
На две минути до крајот на натпреварот го видовме и единственото пресечено додавање. Главен лик во овој чин беше Адриан Амос – човекот што дојде во Грин Беј токму од редовите на Чикаго Берс.
На крај, натпреварот заврши со 10-3 во корист на Пекерс кои на одличен начин ја отворија сезоната со победа на гостински терен кај најлутиот ривал.



