Иако со дозирана минутажа и во голема конкуренција за првиот стартен тим, нашиот најдобар македонски фудбалер Горан Пандев е еден од најдобрите поединци во Џенова, а сето тоа денеска го потврди на првенствениот меч од италијанската Серија А кога на гостувањето кај Аталанта неговиот тим загуби со 2:1, а Пандев во 89 минута постигна почесен гол за Џенова, инаку ова е веќе негов четврти гол во првенството.



