На пријателски натпревар пред почетокот на новите квалификации, репрезентацијата на Србија ремизираше на тешкото гостување против Германија со резултат од 1:1. Први поведоа гостите во 12 минута со голот на Лука Јовиќ со глава, а ,,Панцерите” израмнија на 1:1 кој се покажа како конечен резултат со голот на Горецка во 69 минута.
За одбележување е деби настапот на напаѓачот од Црвена Звезда, Милан Павков кој од селекторот Крстајиќ доби шанса од 70 минута, а во судиското продолжение дивјачки стартуваше над Лерој Сане и оправдано главниот судија му покажа директен црвен картон.
Видео: Црвен картон на Милан Павков на дебито за репрезентацијата на Србија



