Ватерполо репрезентацијата на Србија ја освои светската лига и обезбеди пласман на ЛОИ во Токио. Србија во големото финале ја победи Хрватска со 12-11 со гол од пенал на 17 секунди до крајот на мечот.
Финалето против Хрватска кое се одигра во Белград на отворено донесе многу пресврти и возбудувања но и врнежливо време што не им пречеше на актерите да одиграат извонреден меч. Австралија го освои третото место во Светската лига, откако со 11:10 ја совлада Шпанија.



