Антун Горета по потекло од Шибеник (Хрватска) заедно со неговиот тимски колега од тимот на Латина во Италија, Лука ди Роко спасија од давење десет луѓе на плажата во италијанскиот град Анцио на брегот на Тиренското Море. Во ситуација кога неможеле да помогнат ниту спасувачите на плажа, ниту хеликоптерите, а водената стихија и брановите достигнале висина и до 5 метри Антун и неговиот колега Лука без двоумење тргнале во битка со водената стихија и огромните бранови.
„Oдма да ви кажам не беше тоа херојско дело, само постапивме човечки. Го видов Лука како тргна да плива кон немоќните луѓе, а јас воопшто и не размислував, туку веднаш му се приклучив…” – изјави Антун Горета за sibenski.slobodnadalmacija.hr.



