Невладината организација „Аутизам ААМК“, во соработка со бројни македонски естрадни артисти ја создадоа песната „Растеме заедно“.
Песната и спотот се од хуманитарен карактер и во нивното сoздавање сите учесници учествуваа доброволно со цел подигање на јавната свест за лицата со аутизам, прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството. Музиката и текстот на „Растеме заедно“ се на Весна Малинова Бабамов, додека аранжманот е на Дарко Тасев. Спотот е на Koma design studio.



