Во третото коло во најдобрата француска лига бранителот на титулата, тимот на ПСЖ ја оствари својата втора победа овој пат со рутински 4:0 над Тулуз каде што сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.
На средината од натпреварот се повреди при еден дриблинг Килијан Мбапе и ги зголеми проблемите со повредени играчи во парискиот тим. Мбапе ја повреди задната ложа, а тренерот Тухел стравува за тежината на повредата на својот најдобар фудбалер.



