Извонредно интересен реванш меч во рамките на 1/8 финалето од Лига шампиони помеѓу Порто и Рома, а натпреварот заврши со триумф на Порто од 3:1 резултат кој ги носи во наредна фаза и пласман во 1/4 финале после 120 минути беспоштедна игра на теренот.
Рома во Португалија патуваше со предност од 2:1 и се постави дефанзивно се со цел да ја одбрани позитивата од првиот меч, но домашните фудбалери релативно брзо стигнаа до водство кога Тики Соареш постигна гол за 1:0 во 26. минута на асистенција на Марига.
Сепак гостите не се предадоа така лесно па го израмнија резултатот од пенал во 37. минута преку капитенот на тимот Де Роси. На почетокот на второто полувреме, односно во 52. минута корпулентниот напаѓач Марига носи водство на домаќините од 2:1, резултат кој беше на семафорот се до судискиот свиреж за крај на регуларните 90 минути и поради истиот постигнат резултат но овој пат со триумф на Порто се премина на продолженија од два пати по петнаесет минути.
Во ист ритам двете екипи продолжија каде што поагилна екипа во првото продолжение беше Порто, додека на стартот на новите продолженија Рома преку Џеко имаше две колосални шанси кои не ги искористија и домашните фудбалери казнија во 116. минута кога од пенал кој претходно судијата Чакир го свирна по прегледување на ВАР – технологијата и ударот од белата точка успешно го реализира Телеш за триумф од 3:1 и пласман на тимот во 1/4 финалето во Лига шампиони.



