Динамо Загреб одлично го отвори првото полувреме со гостинско водство во нокаут фазата од Лига Европа против Викторија Плзен кога на асистенција на Петковиќ во 41. минута шпанецот Дани Олмо акцијата ја заврши со гол за 0:1.
Во второто полувреме чешкиот преставник заигра поангажирано ја презеде иницијативата и таквиот пристап кон играта го надградија со два постигнати гола за пресврт и победа од 2:1 и минимална предност за во реваншот на ,,Максимир”. Кобен по тимот на Динамо и Аријан Адеми кој е капитен на ,,Модрите” е двојниот стрелец Перница кој на Викторија со погодоците 54 и 82 минута од натпреварот и донесе триумф.
Видео: Викторија Плзен 0 – 1 Динамо Загреб стрелец Олмо
Видео: Викторија Плзен 1 – 1 Динамо Загреб стрелец Перница
Видео: Викторија Плзен 2 – 1 Динамо Загреб стрелец Перница
Вториот интернационалец во настапите од нокаут фазата на Лига Европа исто така имаше лоша вечер посебно кога се работи за учиникот од првото полувреме затоа што Спортинг Лисабон на домашен терен во првиот посериозен напад на проттивникот и удар по нивниот гол во 3. минута гостите од Шпанија поведоа со 0:1.
Во 28. минута на домаќините поради повреда на десниот бек Гашпар мораше да го напушти натпреварот и на негово место влезе македонскиот репрезентативен десен бек, Стефан Ристовски, но ниту тој во продоложението на играта не донесе позитивна енергија во тимот, затоа што Вилјареал почетното водство го задржа до крајот на мечот. На реваншот во Шпанија ,,Лавовите” од Лисабон не ќе можат да сметаат на левиот бек Акуња кој доби црвен картон во 77 минута.
Видео: Спортинг Лисабон 0 – 1 Вилјареал



