Албанскиот фудбалски клуб Камза е исфрлен по брза постапка од првата албанска лига во третата по ранг натпреварување, а до крајот на сезоната не смеат да играат натпревари поради напад на главниот судија Елдорјан Хамити на неделниот прволигашки меч против Лачи кој заврши со резултат од 1:1.
А причината за нападот на арбитарот е поради фактот што досудил пенал во петтата минута од судиското продолжение за гостите кој ударот од белата точка успешно го реализирале. После завршувањето на натпреварот судијата го опкружиле голем број неслужбени лица и навивачи на домашниот тим и неколку пати физички се пресметале со судијата.
Во целиот хаос фудбалската федерација на Албанија суспендираше тројца преставници на Камза на три години, а клубот освен што е казнет парично исто така е префрлен на најнизок ранг на натпреварување. Камза влезе пред две години во најдобрата албанска лига, каде првата сезона заврши на седмата позиција, а во овогодинешното првенство беа пред испаѓање затоа што се наоѓаат на последната позиција на табелата по 24 одиграни кола.



