Екипата на Чикаго Блекхокс се наоѓа во резултатска криза откако го запиша и четвртиот пораз во последните пет натпревари. Шампионите од сезоната 2014/15 гостуваа во Манитоба, сојузна држава на Канада кај екипата на Винипег Џетс. Иако Чикаго поведе со 0-2 во првата третина со головите на Доминик Кубалик и Брендон Саад, на крајот не успеа да направи ништо за да ја оддржи предноста. Винипег ја консолидира својата игра и во втората третина, со голот на Кајл Конор, намали на 1-2. Целосниот пресврт беше направен во третата третина којашто Винипег ја доби со резултат од 4-0. Стрелци на головите беа Блејк Вилер, Ендру Кап, Патрик Лаине и Кајл Конор по втор пат на натпреварот. За Винипег оваа победа е трета во низа која ги искачи на седмото место на Западната конференција.



