Екипите на Анахајм Дакс и Флорида Пантерс се соочија синоќа во „Хонда Центер“ во Анахајм, Калифорнија. Гостите ја оправдаа фаворитската улога и славеа со 1-4, иако прво губеа со 1-0. Стрелец на голот за Анахајм беше Макс Џонс. Флорида израмни на пет секунди пред крајот на првата третина преку Александер Барков, а до победата дојде со головите на Винсент Трочек, Алекси Саарела и Мекензи Вигар. Голот на Трочек во втората третина ќе остане запаметен како најинтересен гол од овој натпревар, имајќи во предвид дека Американецот го удри пакот во стилот на бејзбол играч.



