Детроит Ред Вингс и Бостон Бруинс ги одмерија силите во „Литл Сезарс Арена“ во Детроит. Ситуацијата на табелата во пресрет на натпреварот беше максимално контрастна. После 56 натпревари, Детроит беше убедливо „закован“ на дното додека Бостон се наоѓаше на врвот на Источната конференција. Сепак, на теренот, ситуацијата беше поинаква. Резултатот, неочекувано заврши во полза на Детроит кој славеше со 3-1. Во првите две третини падна само еден погодок – Брендан Перлини погоди за 1-0 во воведните минути на вториот дел. Веднаш по стартот на третата третина, Тори Круг постигна гол за Бостон и го израмни резултатот на 1-1. Сепак, до крајот, Детроит преку двата гола на Андреас Атанасиу успеа да стигне до победата. Ситуацијата на табелата останува иста како и пред почетокот на натпреварот.



