Лос Анџелес Кингс, последнопласираниот тим на Западот, неочекувано, на домашен терен, успеа да го изненади фаворизираниот тим на Питсбург Пенгуинс кој е еден од главните претенденти за повисок пласман во Источната конференција.
После првите две третини, Кингс стекнаа предност од 2-0 со головите на Блејк Лизот и Тревор Луис. Во третата третина, Питсбург успеа само да ја намали предноста на 2-1 благодарение на Брајан Раст. Калвин Петерсен, голманот на ЛА Кингс, се истакна со своите триесет и пет одбрани.
За Лос Анџелес, ова е четврта победа во последните седум дуели, додека Питсбург го запиша четвртиот врзан пораз.
Резултати од другите денешни натпревари:
Колорадо Аваланш 3-2 Бафало Сејбрес
Вегас Голден Најтс 3-0 Едмонтон Оилерс



