Во рамките на 22. коло од француската лига главниот фаворит ПСЖ дојде до висока победа од 5:0 над тимот на Монтепилиер, а најголемо внимание привлече Нејмар добивајќи во 38. минута жолт картон од судијата Брисард.
Нејмар веднаш потоа побара објаснување зошто е санкциониран, но сепак арбитарот не му даде образложение. По завршувањето на натпреварот француските медиуми објавија дека во извештајот по завршувањето на средбата судијата напишал дека жолтиот картон е поради дриблингот и непочитувањето на противникот.



