Во првиот синоќешен дуел од НБА лигата, силите ги одмерија Шарлот Хорнетс и Милвоки Бакс. Во првото полувреме, двете екипи го менуваа довството, додека во второто, Милвоки беше во целост со резултатска предност. На крајот Бакс славеа со 85-93 и ја запишаа својата шеста последователна победа. Најефикасен на натпреварот беше Јанис Антетокумбо (Милвоки) со четириесет и еден поен, дваесет скокови и шест асистенции. За Гркот, ова беше прв натпревар во кариерата со над четириесет поени и дваесет скокови. Втор најефикасен играч беше Девонте Греам (Шарлот) со само седумнаесет поени. На табелата, Милвоки останува на врвот, додека Шарлот ја завзема десеттата позиција на Истокот.



