Завршното натпреварување од овогодинешното издание на „НБА Ол-Стар“ беше одиграно помеѓу екипите на ЛеБрон Џејмс и Јанис Антетокумбо односно дуелот помеѓу Западната и Источната конференција. Овој натпревар беше одигран по специјални правила. Имено, секоја четвртина се играше како посебен мини-натпревар, а последната четвртина не беше временски ограничена, туку на бројот на поените на водечкиот тим по третиот период му беа додадени 24 поени во чест на Коби Брајант. Според ова, на победничкиот тим му требаа 157 поени за да го победи противникот.
До победата дојде тимот на ЛеБрон односно тимот на Западната конференција кој славеше со 157-155. Натпреварот беше исполнет со пресврти и доста атрактивни потези. Најефикасен играч беше Каваи Ленард (ЛА Клиперс) со триесет поени, седум скокови и четири асистенции. Ленард ја доби наградата за најдобар играч на натпреварот која што оваа година го носеше името на Коби Брајант.



