Синоќа, Милвоки Бакс на домашен терен го пречека тимот на Филаделфија 76ерс. Тимот од Висконсин забележа победа со 112-101, притоа нанесувајќи ѝ го 21. пораз на Филаделфија сезонава. Натпреварот беше рамноправен во првото полувреме, а Милвоки водеше од почетокот на третата четвртина, па сè до крајот. Милвоки Бакс стана само осмиот тим во историјата на НБА што успеал да победи барем 43 натпревари од воведните 50, а со оваа победа, таа бројка ја искачи на 44 од 51. Најефикасен играч на натпреварот беше убедливиот Јанис Антетокумбо со 36 поени, 20 скокови и 6 асистенции. За Гркот, ова е прв натпревар со 30+ поени и 20+ скокови. Со постигнатите 112 поени, Милвоки ја продолжи својата серија на 75 последователни натпревари во кои постигнал над 100 поени.
„Мислам дека го имаме најдобриот тим во НБА. Хемијата што ја имаме во тимот е неверојатна моментално.” – порача кратко Јанис Антетокумбо за медиумите после натпреварот.



