Во македонското дерби во Хрватска помеѓу Динамо Загреб каде капитен е Аријан Адеми и Риека за кој настапува Дарко Велковски заврши во полза на домаќините со триумф од 4:0 за недостижна предност која што ,,Модрите” ги носи кон нова шампионска титула.
Најважна вест од овој натпревар е првенецот на Аријан Адеми оваа сезона за Динамо и тоа не на било каков начин туку со гол постигнат во 24 секунда за почетно водство.
До крајот на натпреварот домашните стигнаа до рутинска победа, а македонските репрезентативци Аријан Адеми одигра 82 минути на теренот, додека на спротивната страна Велковски го одигра целиот натпревар. Двајцата на својот грб го носеа бројот 5.



