Во рамките на 22. коло од Серија А на стадионот ,,Џузепе Меаца” во Милано гостинските фудбалери на Болоња стигнаа до минимална победа од 0:1 со голот на парагвајскиот напаѓач Сантандер во 33 минута.
Интер во продолжението на играта се обиде преку Мауро Икарди и соиграчите да стигне до гол, но попусто кога не успеваа да го најдат патот кон противничката мрежа. Болоња со овој триумф дојде до само трета победа во првенството и до крај на сезоната ќе води грчевита битка за опстанок. Синиша Михајловиќ седна на клупата на Болоња и дебитираше со победа против ,,својот” Интер.



