Во рамките на 26. коло од англиската Премиер лига продолжи победничката низа на Ливерпул и на гостувањето против Норвич триумфираа со победничкиот гол на резервистот Садио Мане.
Мане влезе во игра во 60. минута на местото на Окслејд Чембрлејн, а во 78. минута на контроверзен начин постигна гол за три бода и продолжување на рекордната низа на победи во првенството.
На голот и претходеше асистенција на Хендерсон, додека Мане кога ја прифаќаше токата имаше контакт со противнички дефанзивец при кој што ВАР системот одлучи дека нема простор за фаул и се призна голот на напаѓачот на Ливерпул.



