Ракометарите на Струга го совладаа Работнички со 32-31, иако на полувреме губеа со 15-19.
Најефикасни во тимот на Струга беа Кузмановски со 9 и Крстаноски со 8 голови, додека кај Работнички повторно најдобар беше Палевски со 13 гола.
Одличен особено во вториот дел беше и голманот на домаќините Александар Стојановски со неколу одбрани од кои посебно значајна беше последната над Палевски со која Струга стигна до првиот триумф сезонава.
СТАТИСТИКА ОД МЕЧОТ: 
ВИДЕО ОД ПОСЛЕДНИТЕ МОМЕНТИ ОД МЕЧОТ MOЖЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.



