Во дивизискиот дуел помеѓу Хјустон Тексанс и Индијанаполис Колтс славеа домаќините од Тексас со резултат од 20-17 и избија на првото место во својата дивизија. Хјустон има учинок од 7-4 додека, Индијанаполис е на 6-5. Останатите членови на АФК Југ се Тенеси Титанс (5-5) и Џексонвил Џагуарс (4-6).
На овој натпревар, поените за домаќините паднаа преку два играчи – ДеАндре Хопкинс со два тачдауни и Ка’ими Феирберн со два филд-голови и два екстра-поени. За гостите, по еден тачдаун постигнаа Јакоби Брисет и Џонатан Вилијамс, а Адам Винатиери погоди еден филд-гол и два екстра-поени.



