На ден 03.04.2019 година во амфитеатарот на приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Струга се одржа презентација на веслачкиот спорт и т.н индор натпреварување во веслање на ергометар, како дел од програмата на светската веслачка федерација „ФИСА“ за развој и промоција на веслачкиот спорт. Оваа активност беше иницирана и спроведена од страна на Хронис Властаридис официјалниот пратеник на ФИСА за спроведување на програмата, и Веслачката Федерација на Македонија „ВФМ“ 
Голема благодарност до ФИСА и господинот Хронис но и до нашиот домаќин. Благодарение на оваа соработка но и доброто менаџирање на нашата национална федерација вроди со обезбедување на оптимални услови за развој на овој племенит спорт, набавка на современи пловила, ергометри како и изградба и опремување на соодветни простории за тренинг и чување на пловната опрема. Денес на овие дечиња одблиску им беше претставено веслањето како опција при избор на спорт и спортска активност. Се надевам дека од овие млади пионери во иднина ќе произлезат идните шампиони со кои ќе се гордее нашата татковина.-вели др. Здравко Голабоски, претседател на ВФМ.
Гордост и чест е да се биде домаќин на една ваква манифестација која во основа ја има промоцијата на една физичка активност што ни помалку ни повеќе, е декларирана како нај академската спортска дисциплина. Доказ за тоа е фактот што најеминентните образовни институции како Оксфорд и Кембриџ во своите екстракурикуларни активности го избрале веслањето како примарен спорт. Денес тренерите на ВФМ, Марјан Влаќески и Марјан Николоски, под будното око на нивниот обучувач Хронис Властаридис најпрво одржаа мини презентација на техниката на веслање а потоа спроведоа и натпреварување за сите одделенија од приватното основно училиште „Јахја Кемал- Џуниор“ каде учество зедоа 60 ученици поделени во различни категории : млади пионери-цицибани, пионери и постари пионери. – потенцира м.р Коста Хиохи, професор по спорт и спортски активности во „Јахја Кемал Колеџ“ и член на управниот одбор на ВФМ
На најдобрите од секоја категорија им беа врачени серификати од страна на преставникот на ФИСА Хронис Властаридис, Претседателот на ВФМ др. Здравко Голабоски, Мустафа Турал директор на ПСУ „Јахја Кемал“-Струга и Мустафа Атли одговорен за основното училиште „Јахја Кемал-Џуниор“-Струга.



