Екипата на Металург на гостувањето кај Пелистер славеше победа со 28:33 (полувреме 13:16). Најефикасни за тимот на ЖРК Металург беа Марија Гајиќ со 8 и Леонида Гичевска со 7. Кај ЖРК Пелистер се истакна Ангела Јанкуловска која беше и најефикасна на теренот со 10 погодоци.



