Тур д Франс 2019 Саитама Критериум е една од ретките велосипедски трки што го позајмила името од најпрестижната трка – Тур д Франс. Ова е седмо издание на Саитама Критериум и се вози на ограничена патека во Саитама, Јапонија. На оваа трка учествуваат велосипедистите кои освоиле титули и одредени сегменти од актуелниот Тур д Франс како и најдобрите јапонски велосипедисти.
На денешната трка, пред 100 илјадната публика, славеше Јукија Араширо и воедно стана првиот Јапонец што победил на Саитама Критериум. Искусниот Араширо успеа да ги победи освојувачите на Џиро д’Италија и Вуелта односно Еган Бернал и Примож Роглич. Двајцата престижни шампиони, иако дојдоа на трката во добра форма, сепак не успеаја да го престигнат Араширо на крајот и завршија зад него неполна секунда подоцна.
🏆 🇯🇵 @YukiyaArashiro wins the 2019 #SaitamaCriterium! 🏆
🏆 🇯🇵 @YukiyaArashiro remporte le #SaitamaCriterium ! 🏆 pic.twitter.com/Q4JgI2CeIV
— Tour de France™ (@LeTour) October 27, 2019



