Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски и новиот негов тим Seventy One Team по двете извозени трки во БМУ Европскиот шампионат освои две трети места на патеката во Серез, Грција, а во македонскиот шампионат со убедливи две први места го потврди својот квалитет. Бузалковски пак минатата сезона беше шампион во класата СП125, а оваа сезона е во повисока класа и тоа Ф600.



