ФК Борец и градот Велес после 18 години пауза следната сезона ќе имаат можност да се натпреваруваат во најдобрата македонска фудбалска лига и да играат прволигашки натпревари. ФК Борец оваа сезона е шампион на Втората лига – Исток и со тоа го заслужи местото на кое одамна му припаѓаше.
Велес отсекогаш имал плејада на квалитетни фудбалери и промоцијата во Прва МФЛ ќе биде само поттик повеќе да го прикажат својот несомнен квалитет, а велешката публика да се врати на трибините. Вчерашниот меч против Брегалница беше последната пречка пред освојувањето на шампионскиот трофеј.



