Почитувани сограѓани, симпатизери, љубители на фудбалот. Утре ФК Беласица игра против ФК Македонија Ѓ.П. Натпревар кој е од огромно значење во борбата за опстанок во ПМФЛ. До крајот на првенството секој натпревар за нас ќе биде финале. Вашата поддршка на нашите трибини е неопходна. Поддршка која ќе даде дополнителна мотивација кај нашите фудбалери во борбата за опстанок.
Покрај тоа, во сабота ќе играме и за Томе Јанев. За нашиот поранешен фудбалер за кој се неопходни средства за лекување. Сите средства собрани од продажбата на карти ќе бидат пренаменети за лекување на Томе. Колку повеќе го наполниме „Младост“, толку повеќе средства ќе бидат собрани.
Струмичани, во сабота СИТЕ НА МЛАДОСТ!



