Баерн Минхен работи на нови засилувања за наредната сезона. Откако германските медиуми објавија дека се договорени два трансфери и тоа: Лукас Хернандез од Атлетико Мадрид и Тимо Вернер од Ред Бул Лајпцинг, трета цел на баварците е крилниот напаѓач на Лил, Николас Пепе.
Поради фактот што искусните Франк Рибери и Арјен Робен веќе не можат да играат на врвно ниво, ова се сосема очекувани потези на раководството на Баерн Минхен. Според најавите од германските медиуми биле започнати преговорите со Пепе, а преостанува само финализацијата на договорот.



