Во рамките на 7. коло од Чемпионшип екипата на македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски и неговиот тим Лидс Јунајтед забележаа важна гостинска победа над Барнсли од 0:2. Лидс отпорот на противникот го скрши во самиот финиш на мечот со погодоците на резервистот Нкетах, а печат на победата од пенал ги постави Килих.
Езџјан Алиоски одигра квалитетен натпревар на левата бековска позиција, а Лидс Јунајтед повторно се враќа на врвот на Чемпионшип со 16 поени исто колку што има и тимот на Свонси по седум одиграни кола.



