Во рамките од 22. коло Академија Пандев триумфира против директниот конкурент за евро-квалификациите тимот на Работнички среде Скопје со резултат од 1:2. Во 35 минута судијата не досуди пенал за гостите од Струмица по испратениот удар на Ацо Стојков, но во 44 минута Дориев донесе водство за Академија Пандев токму од пенал при повторно играње со рака на еден од фудбалерите на Работнички во својот шеснаесетник.
Преку контра напад со асистенција на нововлезениот Сашко Пандев, реализираше за 0:2 исто така резервниот Даниел Миловановиќ. Во судиското надополнување домашните го намалија водството преку Жунињо од слободен удар за конечни 1:2 за Академија Пандев и многу значајни три освоени бодови во трката за излез во Европа.
На првенствен меч во Скопје домашниот Шкупи со минимални 1:0 го совлада лидерот на табелата и тимот кој е најсериозен конкурент за шампионската титула. Голот вреден победа го постигна Бајрами по половина час игра во првото полувреме.
Прва МФЛ резултати 22 коло:
Беласица 0:0 Вардар
Работнички 1:2 Академија Пандев
Ренова 0:0 Македонија Ѓорче Петров
Шкупи 1:0 Шкендија
Силекс 1:0 Победа.



