Актуелниот македонски шампион, ЖРК Ѓорче Петров, продолжува со формирањето на играчкиот кадар за претстојната сезона. Клубот официјално го продолжи договорот со голманката Марија Јовановска, која и во наредниот период ќе го брани голот на „лавиците“ од Ѓорче Петров.
Јовановска беше важен дел од тимот во изминатата сезона, придонесувајќи во остварувањето на клупските цели и освојувањето на шампионската титула. Со продолжувањето на соработката, клубот ја потврдува довербата во нејзините квалитети и значењето што го има во составот




