“Отсекогаш сме се залагале костурот на екипата да се темели на македонски репрезентативци. Ние имаме квалитетни играчи, кои со ништо не заостануваат зад играчите од другите земји. Впрочем, успесите на нашата репрезентација во изминатите години се доволен показател за тоа. Битола и Пелистер отсекогаш биле и треба да бидат стожерот на нашата репрезентација. Ние така размислуваме и така делуваме. Во изминатиот период сме разговарале скоро со сите. Со Талевски во неколку наврати разговаравме за можна соработка, иако кај него играњето во Бундеслигата се чини преовладува како фактор на одлука. Кузмановски е секогаш на нашиот радар, Пешевски имаше одлична сезона во Штутгарт и има уште една година договор. Но, на тема заедничка идна соработка ние разговараме веќе подолг период. Костески е огромен талент, од кој никогаш нема да се откажеме. “ – изјави Проф. д-р Зоран Стерјев Претседател на РК Еурофарм Работник во интервјуто за порталот Gol.mk



