Женската кадетска репрезентација на Македонија славеше над Исланд со 27-26 во финалниот меч на ЕХФ шампионатот во Литванија. Теодора Дукоска со 11 гола беше најефикасна, пред Ризоска со 7 погодоци. На голот повторно одлична Марија Јованоска со 14 одбрани.