На Европскиот куп во Пловдив каде учество земаа 29 земји со 1376 натпреварувчи во 2165 влеза нашите кикбоксери за Македонија донесоа: 5 злата, 2 сребра и 10 бронзи.
Златни медали освоија Лука Змејкоски, Марија Димовска, Нелсон Узеир, Драган Пандев и Иван Гудев, сребрени Лука Кипровски и Димитар Стефановски, бронзите се за Андријано Димишковски, Калин Бабоски, Нина Колева, Силвио Мировски, Кристина Спиркоска, Маригона Зенуни, Сара Стојаноска, Леа Бошевска два и Крсте Трајкоски.




