Голем успех на македонската таеквондистка Ведрана Тунески од Таеквондо клуб Бутел, која го освои златниот медал на престижниот меѓународен турнир Г1 Сараево Опен во категоријата кадетки до 51 килограм.
Важно злато за Ведрана Тунески (ТК Бутел) пд Г1. Кадети -51кг.
Прво коло слободна како прв носител. Второ коло победа 2:0 над Зејнеп Догру од Турција.
Четвртфинале победа 2:0 над Арина Ткачева од Русија, додека во полуфинале победа 2:0 над Далиа Сивиќ од Босна и Херцеговина
Финале победа 2:0 над Ксенија Гушева од Русија која што стана Европски клубски шампион пред 2 дена во истата категорија.




