Најновото издание на Златна бубамара на популарноста, оваа година ќе се одржи на 22 февруари во арената „Борис Трајковски“.Под мотото „Кој чека ќе дочека“, вашата омилената манифестација ќе направи се што ветила во рамки на својот 27-ми мандат
Билетите се пуштени во он-лајн продажба преку сервисите на https://www.karti.com.mk/. mk и https://mktickets.mk/ и во цвеќарницата „Розе Веро 2“.
Во време кога нема никаков ред – имаме можност да дојдеме до ред и столче на 27-та Златна бубамара на популарноста.Влезот ќе биде дозволен и за посетители со стари лични карти и пасоши, за кои ќе има организирано колективно фотографирање, делење образци и потписи.
Од штабот на Златна Бубамара најавуваат незаборавен спектакл од 3 часа.Да се чекираме на бубамарскиот лет број 27.