Започнаа подготовките на женската репрезентација на Македонија за ракомет на песок под водство на селекторот Златко Мојсоски. На претстојното Европско Првенство репрезентацијата на Македонија е дел од групата Б заедно со репрезентациите на Холандија, Украина и домаќинот Португалија.