Златко Даскалоски е најново име во таборот на Тинекс Пролет откако искусниот голман и официјално го стави потписот на договорот со новиот клуб.
Според договорот, Даскалоски ќе ги мине следните две сезони во дресот на Тинекс Пролет, а покрај обврските со првата екипа овој искусен чувар на мрежата ќе помага во равојот на голманите во младинската школа.
Даскалоски е поранешен репрезентативец на Македонија, голман со богато искуство како на домашната така и на мешународната ракометна сцена. Тој доаѓа во Тинекс Пролет од редовите на Голден Арт, претходно настапуваше и за Бутел и за Вардар, додека од меѓународното искуство има настапувано за Ловќен во Црна Гора, француски Стразбур и за Темишвар во шампионатот на Романија.
Даскалоски е второто засилување на Тинекс Пролет во овој преоден рок, откако веќе беше потпишан договор и со младиот пивот Стефан Стојчевиќ.




