Во рамките на 1 коло од Првата Б лига жени , Струга 2009 го совлада Шкупи на гостински терен 49:51 (по четвртини 07:12;13:15;19:10;10:14)
Најдобриот стрелец во Струга беше Муртезаи со 22 поени со погодени 6 шута за 3 поени. Хиса даде 9 поени , Крацоска и Зиба имаа по 7поени, Муртиши 3 поени, Белкоска 2 поени и Цинциќ 1 кош. Кај екипата на Шкупи најдобрите беа : Салиу со 14 поени и Цветаноска со 13 поени.
Почнавме доста агресивно и направивме двоцифрена предност веќе во првата четвртина, на полувреме отидовме со 7 поени плус за нас, меѓутоа слаба трета четвртина овозможи Шкупи да се врати во игра и резултатска клацкалица каде ние бевме посреќен тим и тепавме со звукот на сирената. – изјави Владимир Ѓоровиќ тренерот на Струга 2009
Во наредното 2 коло Струга 2009 ја пречекува екипата на Спорт Тим од Неготино.




